411
Пратениците денеска треба да гласаат и за предлог-одлуката Парламентот да има пет потпретседатели, а до минатиот состав тројца, од кои еден на предлог на опозицијата.
Со оваа одлука со која се зголемува бројот на парламентарните потпретседатели не се согласува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Доскорешниот координатор на пратениците од оваа партија неодамна изјави дека неговата партија нема да предложи потпретседател, но оваа одлука сега, по изборот на нов лидер и нов координатор на партијата, станува неизвесна.
Осум месеци по изборот на претседател, Парламентот функционира без негови заменици.