Маж со метална шипка удрил полицаец, а неговата сопруга го гризела неговиот колега

by Fokus

Четиричлено семејство завчера истепале полициски службеници од полициското одделение Ранковце и полициската станица Крива Паланка, кои сакале да им го одземат тракторот, поради немање соодветна документација, информираа од МВР.

Според полицијата, завчера околу 10:25 часот Д.Т. (54) од Одрено, општина Ранковце, заедно со неговата сопруга З.Т. (40) и малолетните синови, физички нападнале полициски службеници од полициското одделение Ранковце и полициска станица Крива Паланка. Полицајците требало да одземат трактор натоварен со дрва без соодветни документи, сопственост на Д.Т. Тој со тракторот превезувал околу три кубни метри багремови дрва.

Во полицискиот билтен понатаму се наведува дека при интервенција на полициските службеници, Д.Т. со метална шипка удрил еден полициски службеник, неговата сопруга каснала друг полициски службеник, а едниот малолетник со рака удрил полицаец во пределот на телото.

Напаѓачите биле приведени и задржани во полициската станица Крива Паланка.

 

Поврзани новости