Собранието ќе купува таблети со 100.000 евра, парите се од донации

by Фокус

Собранието на Република Македонија ќе даде 100.000 евра за набавка на таблети, а велат дека парите се донација од Швајцарската конфедерација за финансирање на проектот – Поддршка за основање и развој на Парламентарниот институт во Собранието на Република Македонија.

-Во тендерската документација во точката 1.7 Извор на средства, јасно е прецизирано дека средствата за реализација на договорот на оваа јавна набавка кој е предмет на постапката се обезбедени од донација“, велат во соопштението од Собранието.

Ако се земе во предвид дека просечната малопродажна цена на таблетите се движи околу 100 евра, тогаш со овие пари Собранието ќе може да купи 1.000 таблети, не земајќи го во предвид фактот дека при вакви набавки цените се пониски од малопродажните.

Поврзани новости