Богов: Тешко дека ќе се оствари планираниот економски раст

by Фокус

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, денеска изјави дека тешко ќе се оствари проектираниот економски раст од 4,1 отсто. Според него, пролонгирањето на политичката криза ќе нанесе штета врз остварување на проекциите за растот.

-Народната банка на Република Македонија во наредните неколку месеци не гледа потреба од промена на монетарната политика, но тешко ќе се оствари проектираниот економски раст од 4,1 отсто, изјави Богов.

Тој посочи дека ја следат поставеноста на монетарната политика, а последен пат тоа било месецов, кога заклучиле дека ситуацијата е непроменета. Гувернерот не очекува промена ниту во наредните неколку месеци, но состојбата ќе продолжи да се следи.

 

Поврзани новости