Собранието го објави документот за гласање на доверба на владата

by Fokus

Собранието денеска го објави документот за гласање за доверба на владата потпишано од 41 пратеник.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев вчера го достави до Собранието документот, а партискиот лидер очекува на седницата да биде изгласана недоверба на владата.

Во документот се наведува дека единствени проекти коишто ги спровела Владата на СДСМ и ДУИ во изминатиов период се нагло партизирање на институциите и нивно деградирање, заробено судство, луксузирање на владините функционери со парите на граѓаните и политички реваншизам.

 

 

 

Поврзани новости