Собранието го изгласа Миноски за нов министер за финанси

by fokus

Со 67 гласови „за“ и 19 „против“ Собранието денеска го избра Кирил Миноски за нов министер за финансии.

Новиот министер за финансии досега беше директор на Управата за јавни приходи, каде минатата година дојде од позицијата директор на Државниот пазарен инспекторат.

Тој ќе го замени Зоран Ставрески, кој по седум години си замина од министерската функција поради здравствени причини.

На гласањето за избор на Миноски за нов министер за финансии му претходеше неколкучасовна расправа во Собранието, за работата на Ставрески и неговиот придонес за економијата во земјата.

Од опозицијата го обвинија Ставрески дека го напуштил бродот што тоне и дека економскиот мотор на Владата останал зарибан. Владјечакото мнозинство пак, главно се концентрираше на успесите на македонската економија и на улогата на досегашниот министер.

Опозицијата потсети и дека во наредните недели Миноски го чекаат тешки обврски: ребаланс на буџетот, завршна сметка, а деновиве – ново задолжување.

Поврзани новости