Партиите блиску до компромис за Избирачкиот список

by fokus

Спорните 176 илјади гласачи кои се најчесто иселеници, ќе бидат преместени на посебен список со ѕвездичка, додека пак 42-те илјади кои не беа најдени во ниту една база дополнително ќе се проверуваат.

Ова е епилогот од четиричасовната средба меѓу претставниците на партиите потписници на Пржинскиот договор.

Преговорите продолжуваат и за медиумските реформи, во чиј фокус се статусот на македонската телевизија и изборот на членови на агенцијата за медиуми.

На средбата присуствуваа и евроамбасадорот Аиво Орав и американскиот амбасадор Џес Бејли,  а преговорите продолжуваат и утре.

Поврзани новости