Илија Исајловски – нов заменик министер за надворешни работи

by fokus

Премиерот Емил Димитриев побара Собранието да ја разреши досегашната заменичка министерка за надворешни работи Драгана Кипријановска со образложение дека нејзиното проопозициско однесување не кореспондира со политиките на Владата.

Пратениците со 63 гласа „за“ и 19 „против“  го изгласаа Илија Исајловски, актуелен амбасадор на РМ во Кина,  за нов заменик министер за надворешни работи.

Собранието едногласно ја разреши Кипријановска, која беше на функцијата на предлог на партијата на Павле Трајанов, како дел од коалицискиот договор по изборите во 2014.

Од партијата велат дека разрешувањето на Кипријановска доаѓа откако Трајанов ја напушти коалицијата со ВМРО ДПМНЕ  и отворено почна да се спротиставува на политиките на Груевски. Оттаму порачувата дека слична судбина очекуваат да ги снајде и останатите функционери кои се на предлог на ДС, а веќе почнале разрешувања во третиот ешалон.

Поврзани новости