476
Собранието вечерва по скратена постапка ги изгласа измените и дополнувања на Законот за внатрешни работи, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за кривична постапка, на Изборниот законик и на Законот за Влада.
Измените и дополнувањата на законите беа договорени од политичките партии потписници на Договорот од Пржино.Со ова, преговарачите ги затворија и последните спорни точки од договорот и отвараат пат за избори на крајот од годината.
Ако се оди според договорот, на 31 август, ќе има формална лидерска средба, кога би требало да биде само констатирано дека условите за фер и демократски избори се исполнети и дека предвремените парламентарни избори би требало да се одржат на 11 декември.