Бонева: Спорните гласачи не се спорни

by fokus

Силвана Бонева, член на Државната изборна комисија, во интервју за емисијата „10 минути”  изјави дека 39.502 гласачи, кои се објавени како спорни записи, веќе биле проверени, но ДИК во името на политичкиот договор ја спроведувала оваа операцијата.

-Граѓаните треба да бидат спокојни , затоа што овие 39.502 гласачи ние како ДИК веќе ги проверивме и теренски и административно и сите се во ред. При вкрстените провеки веќе беа проверувани овие гласачи.При теренските исто така, беа прашувани дали има во куќата повеќе од 20 лица, дали има помлади од 18 години, дали се тука или надвор од државата. Дел од оваа се должи и на адресниот систем  кој знаеме каков е- изјави Бонева.

Поврзани новости