Крушево е поубаво пеш…кога ве водат домаќините

by fokus

„Крушево е поубаво пеш…кога ве водат домаќините“ e настан кој ќе се одржи на 30-31.07.2016 година (сабота и недела) во Крушево.

Настанот организиран од FINANCE THINK – Институтот за економско истражување и политики и „Крушевска жена“,  промовира  нови  прошетки  и  искуства  кои  ќе ве однесат во  скриените  тајни  на  Крушево,  ви овозможуваат да бидете „собирач“ на тревки и шумски плодови, да дознаете како се одгледува аронија и да ѕирнете во мистичноста на црквите и влашката традиција.

krusevo krusevo2

Преку посета на турите ја поддржувате мисијата  на  Здружението  „КРУШЕВСКА ЖЕНА“: да  се  подобри  животниот  стандард  на  жените  и  да  се зголеми вклученоста и родовата еднаквост преку јакнење на нивните капацитети, поттикнување женско претприемништво и негување на традиционалните вредности.

Официјалното  отворање  е  закажано  за  30  јули  2016  година,  во  09:50  часот,  пред  хотел  Монтана, Крушево. На ботаничката прошетка ќе присуствува и американскиот амбасадор Џес Л. Бејли.

 

Поврзани новости