Собранието ги изгласа Чавков и Мисајловски за нови министри

by Фокус 14:19
14:19

Собранието  пред малку ги изгласа новите министри за внатрешни работи и за транспорт и врски. Поточно, со 71 глас за, 2 воздржани и еден против, досегашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, е изгласан за прв човек на Министерството за внатрешни работи, а во министерската фотелја во транспорт и врски, со 71 глас за и 4 против, ќе седне Владо Мисајловски, досегашен директор на ЈП за државни патишта.

Премиерот Никола Груевски ги предложи Чавков и Мисајловски за нови членови на Владата откако оставки поднесоа Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.

- Advertisements -

Поврзани новости