Разговор меѓу Јанкулоска и Јанакиески: Приватни фирми го плаќаат авионскиот превоз на гласачите од дијаспората

by Фокус 14:23
14:23

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во денешните аудио -снимки објави и сет телефонски разговори меѓу Влатко Чинговски, поранешен директор на ЕЛЕМ и Кирил Божиновски, генерален секретар на Влада, кои договараат како да рекетираат фирми и за колку пари да го прават тоа. Како што може да се слушне од телефонските разговори, тие не сакаат да работат со мали суми на пари.

Во дел од телефонските разговори се слуша како се собираат пари од фирмите со рекет, како се местат тендери, за како што вели Заев со крајна цел огромните суми на пари да завршат во ДПМНЕ. Исто така, се споменуваат и приватни фирми, кои што добиваат работа од ЕЛЕМ, ама дел од парите одат во партијата.

- Advertisements -

Во еден од разговорите, меѓу министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска може да се слушне како Владата издејствува приватни фирми да го плаќаат авионскиот превоз на нивните гласачи од дијаспората.

 

Поврзани новости