473
Собранието вечерва пред 23 часот ги изгласа новите министри кои Владата ги предложи како дел од владината реконструкција.
Со 67 гласа „за“ и 23 гласа „против“ Рената Дескоска беше именувана за нова министерка за правда. Со 67 гласа „за“ и со 25 гласа „против“ Арбр Адеми беше именуван за нов министер за образование.
За нов министер за култура беше именуван Асад Адеми, додека Бардул Даути беше именуван за нов министер без ресор.