Димовски до Владата: Требаше да ги послушате критиките од Шарената револуција

by fokus

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во продолжението на седницата за владината реконструкција и порача на Владата дека требало да ги слушне критиките ако не од опозицијата, тогаш од активистите од Шарената револција.

-Оваа реконструкција не е суштинска, туку само козметичка, со цел да се соберат плус 3,4 или 5 плус пратеници во владејачкото мнозинство. Ако не ги слушате нашите критики како опозиција, требаше барем да ги послушате критиките од спектрумот на вашите подржувачи, од невладиниот сектор, од Шарената револуција. Со оваа козметичка реконструкција премиерот Заев само си направи штета, рече Димовски.

Поврзани новости