Амди Бајрам до ВМРО-ДПМНЕ: Жал ми е што морам да ве напуштам, ама јас секогаш кажувам кој е на власт јас сум со вас

by fokus

Пратеникот Амди Бајрам на денешната собраниска седница му реплицираше на пратеникот Трајко Вељаноски дека тој не барал министерско место од премиерот Заев и дека ги напуштил бидејќи веќе не се на власт.

-Трајко е мој пријател, бевме толку време тука во Собрание. Жал ми е што морам да ве напуштам ама ја од увек сум кажал кој е на власт јас сум со вас. Во политиката нема замерки и лутење. Па маж и жена се разведуваат, не пак владини партнери. Никола Груевски се тргна и јас се тргнав, ВМРО-ДПМНЕ не е веќе мое седиште, рече Бајрам.

Поврзани новости