530
Измени на Изборниот законик и измени на три закони од образованието ќе бидат разгледувани на денешната седница на Собранието. Пратениците денеска ќе треба да изберат и претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието.
Пратениците денеска треба да го укинат и екстерното тестирање и за тоа се предлагаат измени во Законот за основно образование, Законот за средно образование и во Законот за наставници во основно и средно образование.