Могерини и Хан: Клучно е враќањето на земјата на патот кон ЕУ

by Fokus

Европската унија утринава испрати честитка за новата влада и премиерот Зоран Заев.

Шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан го поздравија изборот на новата влада и ветија дека ќе ја поддржат нејзината работа:

-Го поздравуваме гласањето за новата влада предводена од премиерот Зоран Заев. ЕУ е подготвена да ја поддржи работата на новата влада, како и опозицијата, за да се применат конструктивно сите делови од Пржинскиот договор и Итните реформски приоритети. Очекуваме сите парламентарни партии сега да ги остават на страна поделбите и да работат заедно за да се испорача заедничка реформска агенда која ќе биде од корист за целата земја – се наведува во честитката.

Според нив, клучно е земјата да се врати на патот на европската интеграција, процес што граѓаните го сакаат и заслужуваат.

Поврзани новости