Единаесет дена беа потребни за да се соберат пари за лекување на 20-годишниот Дарко Циревски од Ресен, кој побара помош преку социјалните мрежи.
Тој од 2017 година има целосна одземеност на нозете и делумна на рацете при повреда на ‘рбетниот мозок, а за третманот во Хрватска беа потребни 26 илјади евра.
Дарко не го криеше задоволството и преку својот фејсбук профил јавно се заблагодари на сите хумани луѓе.
„Многу сум среќен што за толку кратко време се собраа потребните средства за мојот третман. Голема благодарност до сите хумани луѓе, а најмнгу до сите жители од преспанскиот регион. Ќе се борам како до сега, така и отсега, се додека не успеам“, изјави Циревски за „Фокус“.
Како што информираше тој, третманот е закажан за октомври, со надеж дека се ќе помине во најдобар ред и со добри резултати.
Ј.Ц.