Приказната за Лиле Димитриевска од Велес, мајка на два сина со посебни потреби, која и стана позната на јавноста откако беше објавено видео, на кое се гледа како сама се грижи за синовите и плаче барајќи помош, го трогна хуманиот народ.
Жената апелираше институциите да се разбудат и државата да и додели асистент, бидејќи таа веќе 25 години сама се грижела за возрасните синови кои се приковани за кревет, 24 часа на ден.
По последното видео со Лиле, на кое таа плаче и ги храни синовите, на социјалните мрежи започна хуманитарна акција за помош на ова велешко семејство. Акцијата за донирање на средства ја започна Јулијана Миовска, велешанка која живее во Лондон, и веќе се собрани над 4.000 долари за Димитриовски.
Исто така, хумани граѓани започнале да донираат и бела техника, со цел да се олесни секојдневието на мајката и синовите.
Сите кои сакаат да му помогнат на семејството, можат тоа да го сторат на следниот линк https://www.facebook.com/donate/2627829803965261/2894949363868818/
Вики Клинчарова