Новинарка од Драч поминала 60 часа на терен, во „куфер“ го носела своето бебе

by fokus

Албанската новинарка Клодијана Хакај, од Драч, поминала 60 часа на терен и тоа со тримесечно бебе. Бидејќи останала без стан во земјотресот, мислела дека единственото логично нешто што можела да го направи е да го земе микрофонот во раце и да влезе меѓу урнатините во Драч.

Клодијана околу 60 часа била на терен. Зад себе, во секој кварт, во секоја улица во која одела да известува, влечела „куфер”, во кој било нејзиното дете.

Нејзиниот стан е целосно уништен, ѕидовите попукале, плафонот паднал, вратите и прозорците се урнати.

Поврзани новости