Над 10.000 км2 од амазонската прашума исечени во последната година

by Fokus

За првпат од 2008 година, последнава година, поточно од август 2018 до јули 2019 година, сечењето на шумата во бразилската прашума  Амазонија го мина прагот од 10.000 квадратни километри, што претставува раст од 43 отсто во однос на измиантите 12 месеци, покажуваат најновите официјални податоци, што синоќа беа објавени.

Според ИНПЕ, Државниот институт за вселенски истражувања, овие податоци покажуваат уште поголем раст за последната година, за цели 74,5 отсто, во сечење на шумите на домородечките подрачја.

Најголемата тропска шума во светот за само една година изгубила вкупно 10.000 квадратни километри, а меѓу август 2017 и јули 2028 година имаше загуба од 7.033 квадратни километри.

Овие најнови податоци доаѓаат по претходниот извештај во кој се наведуваше дека за споменатиот период имало исечено шума за 9.762 квадратни километри.

Повеќе од 60 отсто од Амазонија е дел од територијата на Бразил.

По 2008 година кога беа исечени вкупно 12.287 квадратни килемтри овие податоци се највисоки во една година.

Поврзани новости