589
За само еден ден граѓаните собраа вкупно 15 528 евра, за поддршка на демонстрантите на Шарената револуција, што се соочуваат со прекршочни и со кривични пријави.
Солидарната акција се одвиваше вчера во кафе-барот „Излет”, а Шарените велат дека се презадоволни од одѕивот на граѓаните.
– Им благодариме на сите граѓани кои се солидаризираа со сите оние кои добија и ќе добијат драконски казни само заради своето изразување на право на протест. Заедно сме посилни! Сите за еден, еден за сите! – стои и на фејсбук-страницата на кафе-бар =от, „Излет“,каде што се одвиваше акцијата.