Никој не ги есапи судските административци

by fokus

Иако повеќе од еден месец излегуваат на протест, судските административци се уште не успеале да го кандисаат на средба министерот за правда Валдет Џафери и да почнат преговори за нивните барања.

И денешните протести пред Министерството за правда завршија без реакција, па по повеќе од два часа свирежи и повици за оставка на министерот, судските работници одлучија да се повлечат, а нивните претставници да се состанат и да решат како ќе го реализираат штрајкот понатаму.

Судската администрација бара промена на два члена од Законот за судски службеници, со кои се изедначуваат платите и додатоците со другите вработени во судовите..

Тие се незадоволни од владината одлука од 26 април годинава со која на судиите во земјава им беа зголемени платите за 35 отсто, но не и на административците.

Од УПОЗ и од Здружението на судската администрациј веќе официјално неколку пати побарале средба со министерот, а решение на барањата на судските работници денеска побарал и Европскиот сојуз на работници во јавниот сектор (ЕПСУ)

Поврзани новости