(ФОТО) Шарена блокада на Скопје: Свирни за поддршка!

by fokus

-Ние живееме во блокирана држава, со блокиран пристап до правда, со блокирани и партизирани институции. Ќе го оневозможиме движењето како што со години оваа власт ја оневозможува еднаквоста пред законот и слободата на граѓаните…. Наместо да се лутите, свирнете за поддршка. Сетете се, се што бараме е правда и еднаквост за сите нас. – порача Шарената револуција која точно на пладне блокира три главни улици во Скопје.

13407537_10210003440547759_376903500_n

Во моментов блокирани се крстосниците кај Судска палата, Црвен крст и кај Соборниот храм.

13390775_10210003460948269_998606542_n

Блокадата е дел од новите акции ги најавија Шарените револуционери со кои ќе бараат исполнување на нивните два главни услови: Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО, како и да да се ослободат притворени демонстрантите и да се поништат кривични пријави за останатите соборци.

13382346_10210003457868192_627687175_n

Блокадите денеска ќе траат еден час. Демонстрантите сепак додаваат дека не се откажуваат и од големите протестите, во 18 часот пред СЈО, туку во текот на неделата тие ќе бидат заменети со поинакви активности.

Поврзани новости