Собрани 6.000 потписи за иницијативата за децата со посебни потреби, недостигаат уште 4.000

by fokus

Над 6.000 потписи се собрани досега за иницијативата за законски измени со кои треба да им се олесни животот на лицата со посебни потреби, со што остануваат уште 4.000 потписи за иницијативата да влезе во собраниска процедура.

Потписи во Скопје се собираат во Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби, кој се наоѓа во Аеродром, во Битола се собираат на Широк Сокак, а во Штип на плоштадот.

Од утре ќе се собираат потписи и на плоштадите во Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Куманово, Струмица и Гевгелија.

 

Поврзани новости