Соборецот на Грујовски реагира за неговата кандидатура: „Ова се дволични игри“

by fokus

Лазе Георгиевски, член на Советот на ССМ, кој активно ја поддржуваше борбата на синдикалците против поранешниот претседател, Живко Митревски, сега реагира на најавите дека претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски, ќе се кандидира за претседателската фотелја во Сојузот.

Во писмо до медиумите тој ја нарекува кандидатурата дволична игра. Додава дека во УПОЗ има чесни и млади луѓе кои можат да го понесат товарот во УПОЗ, а не, како што вели, да се кандидира човек кој исполнува услови за пензија.

„За ова ќе побарам итна седница на Советот, бидејќи со вакви работи само се нарушува угледот и интегритетот на Сојузот на Синдикатите на Македонија. Се нарушува угледот на гранковите синдикати, а целта на ССМ со новото раководство е да се спроведат реформи и ново синдикално движење со кое ќе се заштитат правата, интересите и угледот на работниците во Македонија“, вели Георгиевски во реакцијата.

Поврзани новости