И гo искршил фарот со безбол палка затоа што му го блокирала излезот од зграда

by fokus

37-годишниот С.Н. со безбол палка го искршил левиот фар на возилото „алфа ромео“ со кое управувала 29-годишната А.Т. Како причина навел дека го паркирала возилото така што го блокирала излезот од зградата спроти „Зоил“, кај автобуската постојка на улицата „11-ти Октомври“.

Откако го оштетил автомобилот, изреволтираниот С.Н. го напуштил местото. Кратко по пристигнување на полициски службеници, тој сам се пријавил и се вратил на местото на настанот.

Настанот се случил вчера наутро, а С.Н. се сомничи за кривичното дело „загрозување со опасно орудије при тепачка или караница“.

Поврзани новости