Кампањата за референдумот ќе биде информативна и ќе ја финансираат министерствата со заштеди од своите буџети. Средствата ќе се повлечат од ставките за репрезентации на министрите и други ставки, каде што има заштеди. За оваа цел во следните денови минисерствата до Министерството за финансии треба да достават информација колку средства може да донираат.
-Кампањата ќе биде информативна. Сите граѓани ќе ги инфорираме за придобивките на Договорот со Грција. Оценуваме дека референдумското прашање е многу важно за иднината на Македонија и дека на овој начин отвораме пат за европска Македонија – изјави денеска владиниот портпарол, Муамет Хоџа.
До сега, рече тој, за содржините пласирани на социјалните мрежи се потрошени само 100 евра од државниот буџет.