По мозочниот удар, Аки Ракимовски закажа концерт во Словенија: Нема повеќе кафе, вино и цигари

by Fokus

Аки Ракимовски (63), вокалистот на популарната група ,,Парни Ваљак’’, по пет месеци пауза повторно им се враќа на настапите.

Нивниот концерт во Шкофејолошки град во Словенија е закажан на 12-ти октомври, а по мозочниот удар Ракимовски добро закрепнал и се вратил во форма.

-Аки е полн со енергија и здравствените проблеми се зад него. Имавме подолга пауза, но ќе чекавме и подолго, ако беше потребно. Тој сега е добро, беше на бања, ги остави цигарите, кафето, виното, зачинетата храна, и е како нов човек – за хрватските медиуми информираат членови на бендот.

Аки, кој по потекло е од Скопје е дел од ,,Парни Ваљак’’ од 1975 година. Има снимено 16 албуми, и има десетици хитови. На есен излегува нивниот нов албум. Последниот албум ,,Нема предавање’’ го снимија во 2013 година.

-Драги мои, од срце ви благодарам на големата љубов и поддршка кои ми ги праќате. Не грижете се, јас сум добро, закрепнувам и едвај чекам повторно да застанам на сцената. Пред нас има уште многу добри забави. Се гледаме наскоро – порача Ракимовски на официјалната страница на бендот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости