Со закон ќе се разграничат политички избраните функционери и администрацијата

by fokus

Со Предлог-законот за висока раководна служба, што го усвои денеска Владата, треба да се направи јасна разлика помеѓу политички избрани и именувани лица и администрацијата.

Законот е на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација.

-Целта на законот е да се воспостави високата раководна служба заснована на начелото на стручност и заслуги, како механизам за подобрување на организациските капацитети и зајакнување на доброто управување во институциите на јавниот сектор, со што едновремено ќе се направи јасна разлика помеѓу политичките избрани и именувани лица и администрацијата, информира владината прес-служба по седницата.

Предлог – законот, дополнуваат, е во насока на професионализација на високата раководна служба како еден од клучните предуслови за унапредување на организациските капацитети и зајакнување на доброто управување во институциите на јавниот сектор.

Поврзани новости