Македонија го бојкотираше доделувањето на Нобеловата награда за литература

by fokus

Македонија се придружи на бојкотот на доделувањето на Нобеловата награда за литература на контроверзниот австриски писател Петер Хандке.

Повеќето балкански држави го бојкотираа доделувањето поради тоа што Хандке му даваше поддршка на Слободан Милошевиќ и го негираше геноцидот во Сребреница.

-Мора да се спротивставиме на негирањето на геноцидот. Затоа му дадовме инструкции на амбасадорот на Северна Македонија во Шведска да не земе учество во церемонијата на доделувањето на Нобелова награда на Хандке, напиша министерот за надворешни работи Никола Димитров на Твитер.

Поврзани новости