Со Уредба од Владата стопирана исплата на паушали и надоместоци

by Frosina Fakova

Владата денеска усвои Уредбата со која се уредува ограничување на правото на исплата на паричните паушали на извршните членови на Одборите на директори, паричните надоместоци на претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа и претседателите и членовите на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од Владата и органите на единиците на локалната власт, кои се истовремено вработени за времетраење на вонредната состојба.

-Според Уредбата, на овие лица, заклучно со декември 2020 година не им се исплаќаат парични надоместоци, како и надоместоци за патни и други материјални трошоци.Уредбата не се однесува на лица кои на денот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување, соопшти владината прес-служба.

Поврзани новости