Дијагностицирањето и лекувањето од корона на товар на ФЗО и за осигуреници со нередовно плаќан придонес

by Frosina Fakova

На осигурениците на кои им се ускратени правата од задолжителното здравствено осигурување поради нередовно уплаќан придонес или уплатата на придонесот задоцнила повеќе од 60 дена, односно имаат долг за неплатен придонес, можат во здравствените установи да користат здравствени услуги поврзани со дијагностицирање и лекување од коронавирусот КОВИД-19 на товар на средствата на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Ова е Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба што ја донесе Владата на денешната 36-та седница.

Уредба за лекување од КОВИД-19 на товар на Фондот, се појаснува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, се однесува и на државјаните на Република Северна Македонија кои не се задолжително здравствено осигурани по ниту еден основ.

Поврзани новости