636
Новинарот на Телма, Павле Беловски, вечерва беше нападнат со тупаници и клоци пред зградата во која е сместена УБК. Додека се подготвувал за јавувањето во вестите, му притрчал непознат човек и почнал да го удира.
Полицајците кои ја обезбедувале зградата на МВР веднаш притрчале и го уапсиле напаѓачот.
Телевизијата за утре најави пријава за нападот врз новинарот додека ја извршувал својата задача во близина на зградата на МВР.