Со ритуалот „кага ми бираки“ ќе биде отворена првата амбасада на Јапонија во Македонија

by fokus

Јапонија ќе ја отвори првата амбасада во Македонија откако претходно го затвори конзуларното претставништво. Свеченоста на официјалното отворање ќе се одржи следната недела во хотел „Мериот“, а ќе биде пропратена со традиционалната церемонија наречена „кага ми бираки“, што претставува  кршење буре со саке за добар почеток.

Домаќини на свеченоста ќе бидат министерот за надворешни работи на Јапонија, Казујуки Накане и првиот резидентен амбасадор во Македонија, Кеико Ханеда. Амбасадата на Јапонија ќе биде лоцирана на булеварот „Партизански одреди“.

Македонија отвори својата амбасада во оваа земја во мај 2013 година, која се наоѓа во Токио, а во 2014 беше упатен првиот резидентен амбасадор на РМ во Јапонија.

Поврзани новости