353
Жена од скопското село Крушопек вчера побарала медицинска помош на Скопските клиники за повреда на подлактицата, која ја добила од залутан куршум, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Вчера во 16.33 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда на подлактицата од залутано зрно била донесена Н.Ј.(42) од с.Крушопек, скопско. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.