Со повеќе од 1000 присутни гости – акционерите од ПроКредит Холдинг од Германија, претставници од дипломатскиот кор: Амбасадорот на САД Г-дин Бејли и Амбасадорката на Р. Германија Др. Кристине Алтхаузер, менаџментот и вработените на ПроКредит Банките од Романија, Украина, Грузија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Бугарија, Албанија и Грција, клиенти, соработници и пријатели на банката, прослави 13 години успешно работење и свечено ја отвори новата Централна управа на ПроКредит Банка. Уште една значајна инвестиција од ПроКредит Банка, изградена според најсовремени енергетско ефикасни стандарди и изведена од македонски градежни компании и архитекти.
Гувернерот Богов со почесен збор прв се обрати на присутните, потенцирајќи дека ПроКредит отсекогаш била и останала 100% германска банка и досега има дадено значителен придонес кон модернизацијата и унапредувањето на банкарскиот сектор со позитивниот пример на 24/7 Зона. Богов ја потенцираше и улогата на НБРМ како конзервативен регулатор на банкарскиот систем во РМ, во одржувањето на стабилен курс на денарот и чување на солидни девизни резерви.
Германската Амбасадорка Др. Кристине Алтхаузер, ја спореди новата Централна управа со современите европски особено германски објекти градиени по највисоки енергетски стандарди и го поддржа начинот на работење на банката преку автоматизирани зони кои нудат банкомати и за уплата и за исплата за пари – денари, евра и кованици.
Претседателот на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка Македонија, и Член на Управниот одбор на ПроКредит Холдинг, Г-дин Борислав Костадинов наведе дека ПроКредит Холдинг како 100% акционер на ПроКредит Банка ги поддржува заложбите на банката за одговорно банкарство, подобра и поквалитетна банкарска услуга за малите и средни препријатија во РМ, преку постојани инвестиции во кадарот и технологијата во експозитурите.
Јованка Јолеска Поповска, Генерален Директор на ПроКредит Банка им посака успех и добра соработка на клиентите и на вработените во модерна и соверемена централна управа. Таа ги посочи сите предности кои македонските граѓани и бизнисмени имаат можност да ги користат: врвен кадар на професионалци кои работат со најпродуктивниот сегмент од македонските претприемачи, широка мрежа на банки во регионот за брзи и најповолни трансфери, банка со најсовремена технологија за услуга 24/7, први на пазарот со банкомати за уплата и исплата на ЕУР и МКД готовина во секое време, дури и од штедна сметка.
Зградата лоцирана на ул. Илинденска е со минимална емисија на ЦО2 и голем придонес за чиста животна средина: зградата располага со 100 фотоволтаици кои произведуваат електрична енергија за сопствени потреби, има сопствени електрични станици за полнење на електричните возила, има зелени градини на терасите.
Настанот се прослави со 20 минутен спектакуларен огномет, подарок за граѓаните на Скопје, кој предизвика многу воздишки кај присутните гости а посебно кај најмладите деца со својата разноликост и шаренило на небото.