Со поголема камата, еврообврзницата сепак ќе се издава

by fokus

Владата ќе се обиде да добие минимум 300 милиони евра од издавањето на седумгодишна еврообврзница. Овој пат каматната стапка ќе биде 5, 875 проценти, јави Ројтерс.

СДСМ повторно испрати писмо до банките и светските медиуми во кое ги предупреди дека издавањето на еврообврзницата е незаконско.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, убедуваат дека еврообврзницата преставува нормален финансиски механизам што се применува во сите европски земји.

Еврообврзницата беше одложена минатата недела по писмото од Кире Наумов, во кое им објасни на потенцијалните инвеститори дека обврзницата не е правно легално издржана. Банките тогаш потврдија дека процесот ќе биде одложен.

Поврзани новости