ВМРО-ДПМНЕ: Сите европски земји издаваат еврообврзници

by fokus 18:36
18:36

Од владејачката партија реагираа на соопштението на СДСМ, во кое опозицијата обвини дека издавањето на еврообврзницата од 650 милиони евра е незаконско и дека сите инволвирани ќе одговараат.

-СДСМ продолжува со обидите за финансиски тероризам, воден од мотото „Колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ”- реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека еврообврзницата била нормален финансиски механизам што се применувал во сите европски земји.

Поврзани новости