Секретарка од МВР пука со формациска пушка на својата свадба

by fokus

Потпретседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Дарко Каевски, денеска на прес-конференција објави фотографии и рече дека нововработената секретарка на началникот на униформираната полиција во СВР Битола, Марија Ристовска-Калешковска, со формациска пушка од МВР пукала на својата свадба.

-Ќе беше спорно за која било невеста да се весели на сопствената свадба со пушка. Но, овде уште станува збор за вработена во СВР Битола! Од оваа фотографија може да се види дека Марија Ристовска-Калешковска, по потекло од селото Долно Српци, Битолско, не само што се фотографирала со пушка, туку со помош на татко ѝ, таа на веселбата и рафално пука, рече Каевски.

Тој посочи дека, според нивните информации, станува збор за формациско оружје на полицијата и на војската, за кое граѓаните не можат да добијат дозвола за поседување и за носење.

-Но, тоа очигледно не важи за нововработената секретарка на началникот на униформираната полиција во СВР Битола, Зоран Дуковски, Марија. Според информациите што ги имаме, Марија Ристовска-Калешковска е неодамна вработена, а пред извесно време добила и решение за работа во СВР Битола, веднаш по завршувањето на средното економско училиште. Таткото на невестата, кој ѝ ја придржува пушката, е еден од главните координатори на ВМРО-ДПМНЕ за битолскиот регион и многу близок соработник на Никола Груевски. Свадбата на вработената во МВР, Марија Ристовска-Калешковска, на којашто таа пука со оружје на полицијата и на војската, се случила минатиот месец, рече Каевски.

Поврзани новости