394
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска при посетата на прифатилиштето за бездомници во Момин Поток најави дека ќе предложи парите од откажаната новогидишна прослава да се донираат за проширување на прифатилиштето.
-На следната седница на Советот на Град Скопје ќе предложам средставата во износ од 2. 000. 000,00 денари кои беа предвидени за Новогодишната прослава во градот да ги намениме за проширување на капацитетот за сместување на бездомни лица во пунктот во Момин Поток, рече Трајановски.
Според него, парите ќе бидат потрошени за заедничкиот проект со Црвен крст за проширување на капацитетот за сместување на бездомни лица,со кој ќе се обезбеди уште еден контејнер со 16 легла и повеќе туш кабини.