612
Германскиот Уставен суд оцени дека антиковид мерките, меѓу кои полициски час, затворање училишта и забраната за контакти, биле во согласност со законот, што отвора можност Владата да воведе нови заклучувања.
Пресудата беше донесена неколку часа пред средбата на канцеларката Ангела Меркел со мандатарот Олаф Шолц, како и со лидерите на 16 германски покраини, на тема дали да се заострат мерките поради зголемениот број пациенти.
Шефот на кабинетот на Меркел, Хелге Браун, за РТЛ претходно изјави дека судската одлука ќе покаже што одлучила државата.