Преговорите меѓу претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино продолжуваат денеска попладне, откако вчера не беше постигнат договор. Претставниците на партиите во друштво на американскиот и евроамбасадорот ќе се обидат да се дојдат до решение за реформите во медиумите и за прочистувањето на избирачкиот список.
Вчерашните разговори завршија без договор, но со доза на оптимизам дека има напредок и дека наскоро е можно решение.
-Имавме петчасовна конструктивна дебата и завршивме добра работа. Не можам да ви соопштам дека е постигнат договор, но можам да ви кажам дека ќе продолжиме со разговорите. Не сум разочаран што денеска не е постигнат договор затоа што за тоа понекогаш е потребно подолго време. Јас сум оптимист, изјави американскиот амбасадор Бејли по средбата.