Со измешан состав ќе ја напаѓаме Грција

by Fokus

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Данило Брестовац ги објави промените во списокот на ракометари за квалификацискиот натпревар против Грција.

На денешниот натпревар против репрезентацијата на Грција за обезбедување на пласман на ЕП 2020, селекцијата на Македонија ќе настапи со три промени во однос на претходниот натпревар одигран против Турција во Ескишехир.

На местото на Стојанче Стоилов ќе настапи Горан Крстевски, Дарко Димитриевски ќе биде замена на повредениот Милорад Кукоски, и на местото на Томислав Јагуриновски ќе биде Мартин Серафимов.

Македонија денеска во 18 часот во салата „Парк“ во Струмица ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите против репрезентацијата на Грција.

Поврзани новости