Полицијата им даде „црвен картон“ на 33 возачи во Скопје

by Fokus

Полицијата открила 29 возачи кои ноќеска возеле под дејство на алохол, а четворица возачи одбиле проверка за присуство на алкохол.

Акцијата, како што информира денеска МВР, од 00:00 до 05:00 часот ја спроведувале полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје.

– Овие 33 возачи се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и поднесени се мандатни платни налози. Откриени се и 85 останати прекршоци за кои се издадени 41 мандатни платни налози и 44 прекршочни платни налози, се вели во соопштението од МВР.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спровело акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Притоа санкционирани се 125 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 23 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.

Полицијата вчера, во периодот од 23:00 часот до 05:00 часот изутринава спровела акциска контрола за откривање прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје и притоа откриени се осум возачи кои сториле прекршоци. Откриени се и 82 останати прекршоци за кои се издадени мандатни и прекршочни платни налози.

Поврзани новости