Со хебла ја оштетиле електричната табла на модуларната болница во Прилеп

by fokus

Синоќа е пријавено дека некој со хебла ја оштетил таблата за електрична енергија на модуларната болница во Прилеп, информираат од Министерството за здравство.

-Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница. Обезбедувањето на болницата забележило дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција. Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти.

-Вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите. Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот, велат од министерството.

Поврзани новости