За еден ден казнети 310 возачи кои возеле брзо

by fokus

Во текот на вчерашниот ден полицијата казнила 310 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената.

Како што соопшти МВР, од нив, 29 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 111 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 199 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Поврзани новости