510
Автобуси со вработени во администрацијата, утрово постојано простигнуваат во Скопје и ги истовараат луѓето пред Основниот суд Скопје 1, објави А1он.
Денеска во организација на ГДОМ, членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ од 11 часот протестираат пред Кривичниот суд против одлуката за одредување мерка домашен притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Вчера А1он објави и смс пораки во кои се повикуваат вработени во администрацијата на протест во Скопје.
-Утре во 10:30 треба да бидеме во Скопје. Вработените ќе бидат ослободени од раководителите по нивно барање. Ако има проблем, пишете, гласи една од пораките.