Педофил се самозапали и со автомобил удри во битолскиот суд

by fokus

Околу 3 часот утрово, 67-годишен битолчанец се полеал со бензин и се самозапалил, па со автомобил во кој имало плинска боца од 10 литри удрил во скалите од зградата на Основниот суд – Битола, а за среќа плинската боца не експлодирала, информираат од Јавното обвинителство.

Судскиот полицаец успеал да го изгасне возилото, а лицето со тешки телесни повреди било пренесено на клиниките во Скопје.

Битолчанецот бил осуденик кој денеска требало да започне со издржување казна затвор во траење од 10 години за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не навршило 14 години.

Поврзани новости